Ruslan Rehimov
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
КИЕВ (АА) – Генералштабот на Украина соопшти дека Руската армија загубила 37.570 војници, 217 авиони, 188 хеликоптери и 1.649 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на украинскиот Генералштаб се истакнува дека Руската армија загубила уште 100 војници во последните 24 часа.
Се додава дека Руската армија од 24 февруари до 13 јули загубила вкупно 37.570 војници, 217 авиони, 188 хеликоптери, 1.649 тенка, 3.832 оклопни возила, 839 топа, 247 ракетни фрлачи и 109 системи за противвоздушна одбрана.
Покрај тоа, во соопштението се подвлекува дека руските сили загубиле и 2.704 возила, 15 брода и лесни глисери, 678 беспилотни летала, а 155 крстосувачки ракети лансирани од Русија се погодени и уништени од украинските единици за противвоздушна одбрана.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март се нагласува дека 1.351 руски војник загинале во Украина, но податоците за жртвите по таа изјава не се ажурирани.