Aliia Raimbekova,Davit Kachkachishvili
20 Јули 2023•Ажурирај: 21 Јули 2023
КИЕВ (АА) - Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека Русија синоќа извршила напад врз регионите Одеса и Миколаев, чија цел биле пристаништата и марините, јавува Анадолу.
Се наведува дека синоќа Русите повторно извршиле напад врз јужните региони на Украина.
Соопштено е дека „руските ракети биле насочени кон пристаништата, марините, становите и деловните згради“.
Виталиј Ким, шеф на Воената управа на Миколаевската Област, потврди дека руските сили извршиле напад врз центарот на градот.
Тој истакна дека нападот бил извршен врз трикатница и околната инфраструктура.
Тој потврди дека се повредени 19 лица.