Nazir Aliyev Tayfur
20 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека Русија би требало да го послуша генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш, „да се стави крај на војната“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Русија конечно би требало да го послуша генералниот секретар на ОН и да ја прекине војната против Украина, или барем да дозволи хуманитарна пауза“, напиша Кулеба на социјалната мрежа Твитер.
Според неговите зборови, Русија е единствен агресор и окупатор во оваа војна.
„Украина секогаш била подготвена во изнаоѓање решенија за мир, а и понатаму е подготвена за тоа“, додаде Кулеба.