свет

Украина: Од почетокот на војната досега убиени се 29.050 руски војници

- Генералштабот на украинската Армија соопшти дека во последните 24 часа загинале уште 200 руски војници.

Davit Kachkachishvili  | 22.05.2022 - Обновена : 23.05.2022
Украина: Од почетокот на војната досега убиени се 29.050 руски војници

КИЕВ (АА) - Генералштабот на украинската Армија соопшти дека од почетокот на војната во земјата убиени се 29.050 руски војници, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа загинале уште 200 руски војници.

Украинскиот Генералштаб објави извештај за загубите на руската Војска во периодот од 24 февруари до 22 мај.

Генералштабот информира дека досега се уништени 204 руски авиони, 170 хеликоптери, 1.285 тенкови, 3.141 оклопно возило, 599 топови и 93 системи за противвоздушна одбрана.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана од 25 март се наведува дека во Украина загинале 1.351 руски војник.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın