Abdula Berisha
24 Февруари 2025•Ажурирај: 25 Февруари 2025
ЛАВОВ (АА) - Украинците одржаа церемонија во чест на загинатите војници на тригодишнината од почетокот на руската воена агресија што сѐ уште трае, јавува Анадолу.
Церемонијата се одржа на гробиштата Личакив во градот Лавов, кој се наоѓа на западниот дел на Украина.
На гробовите на загинатите војници беа поставени украински знамиња, а присутните им оддадоа почит со едноминутно молчење. Исто така, се одржа и свечено кревање на националното знаме на Украина.
Како резултат на војната што започна пред три години, повеќе од 10 милиони Украинци се внатрешно раселени, а милиони ја напуштија земјата.
Според податоците на ОН, во овој тригодишен период во војната се убиени повеќе од 12.450 украински цивили.