Dmitri Chirciu
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
КИЕВ (АА) - Владимир Зеленски, кој победи на претседателските избори во Украина, на 20 мај ќе положи заклетва и ќе стапи на функцијата претседател, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата на новинската агенција „Укринформ“, Зеленски, на функцијата претседател на Украина, официјално ќе стапи на 20 мај.
Во вториот круг од претседателските избори во Украина одржани на 21 април, победи комичарот Владимир Зеленски, со освоени 73,22 отсто од гласовите, а неговиот противник Петро Порошенко, освои само 24,45 отсто од гласовите.