Ruslan Rehimov
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украина тврди дека во досегашните руски напади на Украина загинале 17.500 војници, а уништени се 135 авиони, 131 хеликоптер и 614 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија објави извештај за загубите на Руската армија во периодот од 24 февруари до 31 март.
Според извештајот, во досегашните судири загинале 17.500 војници, припадници на Руската армија, а уништени се 135 авиони, 131 хеликоптери, 614 тенка, 1.735 оклопни возила, 311 топови, 96 системи за лансирање ракети и 54 системи за противвоздушна одбрана на Русија.
Во извештајот се наведува дека руските сили загубиле и 1.201 возило, 7 брода и лесни глисери, 75 цистерни за гориво и 83 дрона.