Dmitri Chirciu
06 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
КИЕВ (АА) - Потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук, изјави дека во текот на изминатиот ден од земјата се евакуирани над 3.800 луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Таа истакна дека продолжуваат со евакуацијата.
„Евакуирани се уште 3.846 лица. Во текот на денот 2.216 лица пристигнаа во Запорожје преку хуманитарниот коридор Мариупол-Бердјанск“, рече Верешчук.
Како што истакна, над 1.000 луѓе биле евакуирани со автобуси од некои градови во областа Луганск во Украина.
Верешук наведе дека се оштетени или уништени повеќе од 22.000 километри патишта и 226 мостови и надвозници, 533 образовни установи, 196 здравствени установи, 300 градинки, осум аеродроми и 10 воени аеродроми.
Нагласи дека штетата се проценува на околу 68 милијарди долари.