Украина го ратификува договорот за минерали со САД
Украинскиот пратеник Јарослав Железњак соопшти дека Врховната рада го усвоила договорот со 338 гласови „за“ и ниту еден против

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот Парламент денес го ратификува договорот за минерално и економско партнерство потпишан со Соединетите Американски Држави (САД) минатиот месец, отворајќи го патот за заедничко инвестирање за повоена обнова на земјата, јавува Анадолу.
Украинскиот пратеник Јарослав Железњак на Телеграм соопшти дека Врховната рада го усвоила договорот со 338 гласови „за“ и ниту еден против.
Договорот, потпишан на 30 април во Вашингтон, следува по месеци тешки преговори и жестока размена на мислења во Овалната соба во февруари меѓу претставниците од двете земји.
Според договорот, Киев и Вашингтон ќе формираат заеднички инвестициски фонд, кој делумно ќе биде финансиран од приходите од секторот за екстракција на природни ресурси на Украина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.