Bahtiyar Abdülkerimov
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите на Руската армија врз Украина во текот на изминатиот ден загинаа четири деца, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител, јавува Агенција Анадолија (АА).
Оттаму потврдија дека во бомбардирањето на руските сили во Чугевски во Харков загинало 11-годишно девојче, а во Мариупол животот го изгубиле деца на возраст од 14, 15 и 17 години.
Канцеларијата на главниот украински обвинител соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 238 деца, додека 433 се повредени.
Се наведува и дека во нападите на Руската армија оштетени се 1.848 образовни установи, а 173 се целосно уништени.