Mustafa Deveci
12 Октомври 2022•Ажурирај: 13 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите на руските сили извршени во последните 24 часа во Доњецк кој се наоѓа во источниот дел на Украина, загинаа 6 цивили, додека украинските сили ја презедоа контролата врз пет населени места во Херсон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, преку социјалните мрежи истакна дека 6 цивили смртно настрадале во нападите на руските сили во последните 24 часа во Доњецк, додека едно лице е повредено.
Од друга страна, во соопштението на Јужната команда при украинската војска се наведува дека украинските сили ја презеле контролата врз пет населени места во подрачјето на Херсон.
Се истакнува дека системот за воздушна одбрана на украинската војска уништила 9 камиказе дронови лансирани од страна на руските сили во подрачјето на Миколаив.
Инаку, украинските сили на 29 август започнаа контранапади врз руските сили во јужниот дел на земјата, пред сѐ во подрачјето на Херсон.