Elena Teslova
17 Февруари 2023•Ажурирај: 20 Февруари 2023
МОСКВА (АА) - Киев сè уште нема потпишано никакви договори за набавка на борбени авиони, изјави денеска министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, пренесува Анадолу.
„Досега ниту една земја не се обврза на набавка на борбени авиони“, рече Кулеба во интервју за германската медиумска групација „Функе“.
Тој рече дека Киев е најзаинтересиран за авиони од САД, Велика Британија, Франција и Германија, бидејќи овие држави имаат најголем производствен капацитет и флота.
Европскиот парламент вчера усвои резолуција со која се повикуваат земјите од ЕУ да ѝ го обезбедат на Украина сето неопходно оружје.
Откако ги обезбеди американските тенкови „Абрамс“ и германските тенкови „Леопард“, Украина го насочи своето внимание кон пратките на модерни борбени авиони.