Halil Şahin
23 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
ИЗМИР/АНКАРА
Турските безбедносни сили во операциите низ земјата приведоа 203 војници поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операциите се изведени во 53 области во Турција и во Турската Република Северен Кипар.
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Измир издадени се налози за приведување на 150 осомничени лица, од кои 123 се војници на должност.
Меѓу оние што се бараа во операциите против инфилтрацијата на ФЕТО во Турските вооружени сили, се полковник, како и потполковници, мајори, капетани, наредници и специјалци водници.
Осомничените се товарат за комуникација со таканаречените „тајните имами" на ФЕТО преку говорници.
Околу 39 од осомничените припаѓале на копнените сили, додека 97 биле од воздухопловните сили, шестмина од морнарицата, четворица од жандармеријата и 38 биле дипломирани студенти во воените училишта што биле распуштени по обидот за пуч.
Во посебна акција против ФЕТО, во главниот град Анкара беа распишани потерници за 19 осомничени.
Осомничените се товарат за комуницирање со тајните имами преку говорници.
Меѓу оние што се бараат со потерниците се 11 наредници, тројца пензионирани војници, двајца разрешени подофицери, еден отпуштен воен студент и двајца „тајни имами".
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.