Nilay Kar
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ
Турција вчера изјави дека ја поздравува документацијата за злосторствата и прекршоците на ПКК во неодамнешниот извештај на ОН, но дека нема да прифати ниту еден чекор кон барање за признавање и легитимитет на терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи во Советот за безбедност на ОН, Рауф Алп Денкташ, заменик постојан претставник на постојаната мисија на Турција, изјави дека наодите во извештајот за децата во вооружените конфликти биле „доста загрижувачки“.
Денкташ нагласи дека последниот извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, прецизно зборува за ужасниот третман кон децата во областите контролирани од страна на терористичката организација ПКК.
„ЈПГ/ПКК без сомнеж ги користи истите тактики како и терористичките организации кои дејствуваат во Сирија како ДЕАШ, Ал Каеда, Ал Нусра и другите терористички организации. Не треба да се третира поинаку од тие терористички организации и незината осудат треба да е на исто ниво со нив“, изјави тој.
Турскиот претставник на ОН додаде: „ПЈГ/ЈПГ/ПКК е терористичка организација која на своите раце ја има крвта на повеќе од 40.000 луѓе и треба да биде третирана како терористичка организација и нејзиното постоење и активности не треба никогаш да бидат легитимни.“
Турскиот претставник на ОН вели дека според проценките на Турција, најмалку 700 деца, повеќето од нив со курдско потекло, биле киднапирани од ПКК.
- Извештај на ОН
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во соопштение до Советот за безбедност на ОН изјави дека терористичката организација ЈПГ/ПКК регрутирала 313 деца и ги користела училиштата за воени цели.
Според годишниот извештај „Децата во вооружените конфликти“, речиси 40 отсто од регрутираните деца од страна на терористичката организација биле девојчиња, а 20 отсто од нив биле на возраст под 15 години.
Извештајот вели дека тие деца добиле воена обука и дека 119 девојчиња учествувале во борби.
Извештајот на ОН открива дека ЈПГ/ПКК користела 24 училишта и болници како места за обука и 14 училишта како магацини за муниција.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Во 2017 година, САД, кои ја сметаат ПКК за терористичката група, помогнаа да се промени името на ЈПГ во Сириски демократски сили (SDF), со цел да се одвои од ПКК.
Годишниот извештај на ОН е изработен на барање на Советот за безбедност на ОН.