Zafer Fatih Beyaz
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Во северниот дел на Сирија, во подрачјето на Тел Рифат, турските вооружени сили неутрализираа 10 припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Министерството за национална одбрана на Турција се потсетува дека по нападот на 9 јуни, изведен од страна на терористите на ПКК/ЈПГ, кога беше убиен еден турски војник и беа ранети неколкумина, спроведени се операции за откривање на позициите на терористите, и тие се гранатирани со тешко вооружување.
„Потврдено е дека со гранатирањето на подрачјето, неутрализирани се 10-мина од терористите коишто го изведоа нападот на 9 јуни. Одлучни сме да ја продолжиме борбата во регионот, сѐ додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, се додава во соопштението.