Kaan Bozdoğan
21 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Се истакнува дека во синоќешниот телефонски разговор двајцата лидери се осврнаа на Самитот на лидерите на Г20 (G20) чиј претседавач во оваа година е Саудиска Арабија.
Според соопштеното, Ердоган и кралот Салман се согласија за да се држат отворени каналите за дијалог со цел развивање на билатералните односи и решавање на проблемите.