свет

Турскиот претседател Ердоган пристигна во официјална посета на Катар

Ердоган заедно со делегацијата беа пречекани на Меѓународниот аеродром „Хама“ во Доха

Sefa Mutlu  | 06.12.2021 - Обновена : 07.12.2021
Турскиот претседател Ердоган пристигна во официјална посета на Катар

ДОХА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, допатува во посета на Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган заедно со делегацијата на Меѓународниот аеродром „Хама“ во Доха беа пречекани од министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, министерот за финансии на Катар, Али бин Ахмед ал Кувари, челникот на Турската разузнавачка служба, Хакан Фидан, и амбасадорот на Република Турција во Доха, Мехмет Мустафа Гоксу.

Со турскиот претседател допатува и сопругата Емине Ердоган, како и турскиот министер за трговија Мехмет Муш, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, министерот за здравство Фахретин Коџа, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, челникот на Канцеларијата за комуникации, Фахретин Алтун, шефот на Канцеларијата за одбранбена индустрија при Кабинетот на турскиот претседател, Исмаил Демир, гласноговорникот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, помошникот на претседателот и гласноговорник на Партијата за правда и развој (AK Parti), Омер Челик и шефот на Канцеларијата за верски работи (Diyanet), Али Ербаш.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın