Esra Tekin
14 Февруари 2024•Ажурирај: 15 Февруари 2024
КАИРО (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во Каиро во официјална посета, како дел од континуираните напори за развој на билатералните односи, јавува Анадолу.
Ердоган беше пречекан на меѓународниот аеродром во Каиро од египетскиот колега Абдел Фатах ал-Сиси и турскиот амбасадор во Каиро, Салих Мутлу Сен.
Во придружба на претседателот на неговата посета се првата дама Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за здравство Фахретин Коџа, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за трговија Омер Болат, директорот за комуникации Фахретин Алтун и главниот советник на претседателот Акиф Чагатај Килич.
Делегацијата тргна од Обединетите Арапски Емирати, каде што Ердоган присуствуваше на самитот.
Ердоган ќе биде официјално пречекан од Сиси во палатата Ал-Итихадија, по што ќе следува заедничка прес-конференција по билатералните средби и состаноци на ниво на делегација.
Турскиот претседател ќе присуствува и на официјална вечера приредена од Сиси.
Ова е прва посета на турскиот претседател на Египет од 2012 година.