Fahri Aksüt
08 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
БЕЈРУТ
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, истакна дека Анкара е подготвена да испрати помош во храна и медицинска опрема за помагање на Либан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Октај престојува во посета на либнскиот главен град Бејрут заедно со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
„На претседателот на Либан му пренесовме дека Турција е подготвена да испрати додатна помош во храна и медицинска опрема“, истакна Октај.
Турскиот потпретседател нагласи дека сите турски болници и авио служби на итната помош се на располагање на Либан, откако земјата се соочува со деструктивни последици од масивната експлозија на пристаништето на Бејрут.
„Нашето пристаниште во Мерсин ќе биде во служба на Либан се до закрепнување на пристаништето на Бејрут“, рече тој.
„Турција до крај е подготвена за изградба на пристаништето на Бејрут и зградите во околината кои беа сериозно оштетени“, додаде Октај.
Над 150 лица загинаа, околу 6.000 лица се повредени во експлозијата која се случи на 4 август на пристаништето на Бејрут.