Sarp Özer
17 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, и началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, допатуваа во Триполи, главниот град на Либија, со цел проверка на активностите во рамките на договорот со Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Акар и началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, Ѓулер, на аеродромот „Митига“ се пречекани со најголеми воени почести.
Турските официјални претставници беа пречекани од заменик министерот за одбрана на Либија, Селахадин Абдулах ал Немруш, началникот на Генералштабот генерал потполковник Мухамед ал Шариф, амбасадорот на Турција во Триполи, Серхат Аксен, и други официјални претставници.
По свечениот пречек, министерот Акар и началникот на Генералштабот, Ѓулер, ја посетија Командата за безбедносна соработка и помош во обуката формирана во рамките на договорот помеѓу двете земји.
Турција со Владата на национално единство на Либија, која има меѓународен легитимитет, во ноември минатата година потпиша Меморандум за воена и безбедносна соработка.