Erdoğan Çağatay Zontur
25 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Неколку месеци по испраќањето на експедицијата на Антарктикот, турските научници и официјални претставници присуствуваа на состанокот во Република Чешка, за да споделат информации во врска со нивното поларно истражување, јавува Anadolu Agency (AA).
На Консултативниот состанок за Договорот за Антарктикот во Прага присуствуваа Бурџу Озсој, лидерот на турскиот тим за Антарктикот, Мухамет Билал Маџит од турското Министерство за индустрија и технологија, претставници на Министерството за урбано планирање и средина, и „PolRec“, првиот поларно-истражувачки центар на Турција.
На состанокот, претставнициците на меѓународните групи, кои ги извршуваат поларните истражувања, исто така, разменија и информации и ставови за имплементирањето на Договорот за Антарктикот од 1959 година.
За време на состанокот, исто така, беше дискутиран и набљудувачкиот став на Турција, беше побарана меѓународна поддршка, како и членство во Научниот комитет за истражување на Антарктикот (SCAR) и Советот на раководители на националните антарктички програми (COMNAP).
Турција моментално има статус на набљудувач, но се надева дека ќе добие консултативен статус.
Турската амбасада во Прага, исто така, одржа прием за антарктичкото истражување на Турција, на? во кој во февруари и март се прикажа филмот за експедицијата на Anadolu Agency.
Турција и Република Чешка, исто така, потпишаа договор за соработка за поларното истражување во некои прашања, како што се логистичката поддршка, заштитата на животната средина и размената на информации.
Овој февруари турски тим отпатува за Антарктикот, како дел од истражувачката експедиција, и помина 30 дена на замрзнатиот континент.
За време на експедицијата, Anadolu Agency ги покриваше научните напори на тимот на Антарктикот.
Антарктикот, најстудениот континент на земјата, служеше како научно-истражувачка зона од потпишувањето на Договорот од 1959 година.