Mehmet Tosun
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
АНКАРА (АА) - Од 18 март 2018 година, кога Турските вооружени сили (ТСК) ја презедоа контролата на Африн, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, досега уништени се 95 мини и рачно изработени експлозиви, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската Армија се вели дека откако Африн е земен под контрола, продолжуваат активностите за осигурување безбедено враќање на народот во регионот.
Во овие рамки, уништени се 95 мини и рачно изработени експлозиви.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.