Mahmut Geldi
22 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
БЕЈРУТ (АА) - Турската хуманитарна фондација ИХХ обезбеди помош од храна за илјадници семејства во Либан, меѓу кои сириски и палестински мигранти, по повод месецот на постот, Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот на ИХХ за Блискиот Исток, Емре Каја, во изјава за АА истакна дека од почетокот на Рамазан започнале со обезбедување хуманитарна помош во различни подрачја во земјата.
Каја нагласи дека помошта ја доставиле до либанските семејства кои имаат потреба, како и до сириските и палестинските мигранти во Либан.
Тој рече дека веќе 10 дена доставувале пакети со прехранбени производи за над 3.950 семејства во Бејрут, Триполи, Џебели Либан, Сајда и Бека.
Според него, во некои подрачја доделиле и ифтари, а во рамки на проектот на ИХХ обезбедиле средства за отворање продавници на три лица, и купување на камионетка на на едно лице.
Каја нагласи дека ИХХ во Либан има цел да обезбеди помош од храна за над 5.000 семејства.