Mustafa Melih Ahıshalı
19 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Повеќето туристи од западните земји, кои имаа намера да го посетат Иран, ги откажаа резервациите откако е соборен авионот на „Украина ерлајнс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Откажани се 80 отсто од резервациите во хотелите за наредните два месеци кои се направени од САД и од европските земји“, рече челникот на Унијата на хотелиери на Иран, Џафар Хамзазаде, за новинската агенција ИРНА.
Додаде дека станува збор за привремена ситуација.
„Државата требаше да биде поддршка на приватниот сектор за да се надмине овој процес“, рече Хамзазаде.
Појасни дека откажувањето на резервациите од земјите од Западот ќе се обидат да ги надоместат со туристи од Кина и Индија.
Одредени земји, по информацијата дека воздушниот одбранбен систем на Иран во Техеран го соборил патничкиот авион на „Украина ерлајнс“, ги предупредија своите државјани на патување во Иран, а туристичките агенции се откажаа од понудите.