Dildar Baykan Atalay
27 Август 2023•Ажурирај: 28 Август 2023
ЏЕКСОНВИЛ (АА) - Бел Американец од „расни причини“ синоќа уби тројца црнци во маркет во американската сојузна држава Флорида, известува Анадолу.
Вооружен маскиран белец нападот го извел во еден маркет во населба во градот Џексонвил, во сојузната држава Флорида, во која претежно живее црнечко население.
Шерифот на Џексонвил, Т.К. Вотерс, на прес-конференција изјави дека нападот бил извршен од „расистички причини“ и додаде: „Напаѓачот мразел црнци“.
Информирајќи дека во инцидентот животот го загубиле две жени и еден маж, шерифот Вотерс истакна дека 20-годишниот напаѓач објавувал расистички постови на својот профил на социјалните мрежи, а по нападот, извршил самоубиство, пукајќи во себе.