Fatih Erel
18 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Чанаккале започна третата етапа од 55. Претседателска велосипедска трка во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Третата етапа од турата започна во Чанакале и ќе заврши во Едремит по измината рута во должина од 122,6 километри.
Првиот ден од трката, што ќе се одржи по третпат на ниво на Светска турнеја, започна во Истанбул во вторникот.
Ирецот Сем Бенет, кој вози за тимот Бора-Хансгрое, победи во првите две етапи од минатогодишната Претседателска велосипедска трка.
Во единствената велосипедска тура во светот која се вози на два континента, велосипедистите во последната етапа ќе поминат низ тунелот Евроазија под Босфорскиот Теснец.
На трката која ќе трае до 21 април, ќе учествуваат 119 велосипедисти од 17 екипи, во шест етапи.
Четири тима од Светската тура се наоѓаат меѓу 17-те тима кои ќе возат 1.000 километри во текот на шест дена.
Трката ќе биде емитувана во 185 земји.
Во организација на Турската велосипедска федерација, Претседателската велосипедска „Tour of Turkey“, своето деби го имаше во 1963 година, а две години подоцна стана меѓународна трка.
Во последниве години, повеќето од етапите на турата беа организирани да се возат долж крајбрежјето на Медитеранот и Егејското Море. Оваа година, трката ќе се вози низ различни делови на земјата, со цел преку велосипедизмот да се промовира историското и природното богатство на овие региони.
Тимовите од Истанбул се упатија кон Текирдаг, Еџебат, Чанаккале, Едремит, Баликесир, Бурса, Сакарја и ќе се вратат повторно во Истанбул.
Етапи на 55. Претседателска велосипедска тура 2019 година:
16 април: Истанбул - Текирдаг (156,7 км)
17 април: Текирдаг - Еџебат (183,3 км)
18 април: Чанаккале - Едремит (122,6 км)
19 април: Баликесир - Бурса (194,3 км)
20 април: Бурса - Картепе (164,1 км)
21 април: Сакарја - Истанбул (172,4 км)