Michael Hernandez
11 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на рускиот претседател, Владимир Путин, за неговата одлука за протерување на стотици американски службеници од дипломатската мисија на Вашингтон во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Многу сум му благодарен што 'oтпушти' голем број луѓе, бидејќи сега имаме помал платен список“, изјави Трамп пред новинарите во својот голф-клуб во Њу Џерси.
Не е јасно дали Трамп го даде коментарот на потсмев или истакна сериозна благодарност.
Русија кон крајот од минатиот месец избра „да се одмазди“ поради новите американски санкции кон Русија, одобрени од страна на Конгресот, и им наложи на САД да го намалат бројот на нејзиниот дипломатски персонал за 755 вработени. Трамп неволно го потпиша законот и покрај изразувањето сериозни резерви за неговата уставност.
Санкциите кон Русија се наметнати, делумно, поради нејзините наводни обиди да ги насочи минатогодишните претседателски избори во корист на Трамп. Путин ги негираше обвиненијата.
САД до септември треба го намалат својот персонал, кој во моментов брои околу 1.200 луѓе.
„Нема вистинска причина за тие да се вратат назад. Во голема мера го ценам фактот што тие успеаја да го намалат нашиот платен список (на САД)“, рече Трамп. „Ќе заштедиме многу пари“.