Hakan Çopur
01 Јуни 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 18 јуни официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во САД, закажани за 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека повторно ќе се кандидира во трката за претседател на САД на изборите закажани за 2020 година.
Трамп во својата објава вели „Учеството во натпреварот за мојот втор претседателски мандат ќе го објавам во градот Орландо, во сојузната држава Флорида, кога ќе бидам придружуван од првата дама Мелани Трамп, заменик-претседателот Мајк Пенс и неговата сопруга Карен Пенс. Придружете ни се на историската средба што ќе се случи во центарот „Амвеј“, со капацитет за 20.000 лица.“
Кај демократите, во трката за претседателски кандидат, во убедливо водство е поранешниот заменик-претседател Џо Бајден.
На 58. претседателски избори во САД одржани на 8 ноември 2016 година, за 45. претседател беше избран Доналд Трамп, кој на 20 јануари 2017 година, полагајќи заклетва, ја презеде функцијата во Белата куќа.
На 3 ноември 2020 година ќе се одржат 59. претседателски избори во САД.