Трамп соопшти дека ќе оствари телефонски разговор со Путин
„Ќе разговарам со претседателот на Русија, Путин, во 10:00 часот наутро (по локално време)“

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес соопшти дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во 14:00 часот по Гринич, јавува Анадолу.
„Ќе разговарам со претседателот на Русија, Путин, во 10:00 часот наутро (по локално време). Ви благодарам!“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Путин се осврна на разговорот со Трамп за време на изложбата на руските растечки брендови во Москва. „Денес ќе разговарам со претседателот на Соединетите Американски Држави и дефинитивно ќе му предложам да го прмовира овој материјал на американскиот пазар.“
Веста за разговорот доаѓа во време кога САД се обидуваат да посредуваат во војната меѓу Русија и Украина. Трамп се позиционираше како потенцијален посредник за мир во преговорите меѓу завојуваните земји.
На разговорите вообичаено се дискутира за билатерални прашања, но и за пошироките регионални безбедносни проблеми.
Во вториот претседателски мандат на Трамп, тој и Путин остварија повеќе телефонски разговори, почнувајќи со нивниот прв разговор на 12 февруари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.