Hakan Çopur
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, потпиша претседателски указ со кој се спречува американските компании да вршат набавка на телекомуникациска опрема од „земји кои претставуваат закана за националната безбедност на САД“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение што го објави Сара Сандерс, портпаролката на Белата куќа, се вели дека Трамп го потпишал претседателскиот указ под наслов „Заштита на синџирот за снабдување на информатички и комуникациски технологии и услуги“.
Со указот што го потпиша Трамп, се спречува американските компании да вршат набавка на телекомуникациска опрема од „земји кои претставуваат закана за националната безбедност на САД“.
Се вели дека овој чекор на Трамп, со кој е прогласена „национална вонредна состојба“, е преземен со цел да се заштити американската телекомуникациска мрежа, и иако во указот не стои името, со него се цели кон Кина.
- Цел се Кина и „Хуавеј“
Американските медиуми истакнуваат дека ваквиот чекор на администрацијата на Трамп е резултат на процесот кој последните месеци се води околу работата на кинеската компанија „Хуавеј“ (Huawei) во САД, наведувајќи дека одговорните во Белата куќа избегнале директно да именуваат земја или компанија.
Во други вести кои беа објавени во американскиот печат се вели дека администрацијата на Трамп со новиот указ ќе може да воведе санкции и кон американските компании кои соработуваат со компанијата „Хуавеј“.
Власта од Пекинг уште претходно реагираше на подготовката на претседателскиот указ со кој ќе се спречи можноста за соработка на американските компании со „Хуавеј“, нарекувајќи го таквиот чекор „за срамен и неправеден“.