Şerife Çetin
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) - Повеќето од половината од жителите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) сметаат дека за 10 - 20 години Унијата ќе се распадне, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународна тинк-тенк организација ги објави резултатите од анкетата што ја организираше Европскиот совет за надворешни односи, спроведена врз 1.000 лица во секоја од 14-те земји членки на ЕУ.
Поголемиот дел од учесниците во анкетата сметаат дека за 10 - 20 години ќе дојде до распаѓање на ЕУ.
По ова прашање, со 58% водат граѓаните анкетирани во Франција, следуваат Италија и Полска со 57%, додека 50% од жителите на Германија сметаат дека ЕУ ќе се распадне за 10 - 20 години.
Од друга страна, 30% од анкетираните сметаат дека постои веројатност да избие војна меѓу земјите членки на ЕУ.
Две третини од анкетираните изјавија дека членството во ЕУ има позитивен придонес, но ја изразиле својата загриженост од подемот на екстремните десничарски и популистички партии.