Ekip
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска предупреди дека сите опции се на маса откако Северна Кореја лансираше ракети над Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп во соопштението наведува дека заканувачките и дестабилизирачки постапки само ја зголемуваат изолацијата на Северна Кореја во тој регион и во светот.
Американскиот претседател истакна дека постапките на Пјонгјанг покажуваат презир кон неговите соседи и оти сите опции се на маса, кога станува збор за одговорот од страна на САД.
Северна Кореја, и покрај предупредувањата на Трамп и одлуката на Советот за безбедност на ОН, лансираше нов проектил над територијата на Јапонија.
Откако новиот проектил на Северна Кореја го прелета јапонскиот остров Хокаидо, се распадна на три дела и падна во Тихиот Океан, на 1.000 килиметри од копното.
Секретарот на кабинетот на јапонскиот премиер Јошихида Суга изјави дека лансирањето на проектилот претставува сериозна закана и во вистинско време ќе биде даден остар одговор.