Ekipa
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Можниот кандидат за иден претседател на Соединетите Американски држави, Доналд Трамп, изјави дека САД би требале „сериозно" да ја разгледаат можноста за „профилирање на муслиманите" во земјата, како средство во борбата против тероризмот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Навистина е потребно да ја разгледаме опцијата за профилирање. Тоа не е најлошото нешто што може да се направи", рече Трамп во интервју за Си-Би-Си.
Можниот републикански претседателски кандидат додаде дека го мрази поимот профилирање, но дека мора „да го користи здравиот ум над политичката коректност".
Трумп истакна дека Владата би требало да спроведе истрага за џамиите во САД, на ист начин како што тоа го правеле демографските полициски единици во Њујорк, кои ги шпионирале муслиманите и џамиите во градот со помош на ЦИА, при што се собрани информации за местото каде што живеат муслиманите, што купуваат, што работат и каде извршуваат молитва.
Трамп е познат по своите исламофобични коментари. Канцеларијата која ја води неговата предизборна кампања кон крајот на минатата година преку пишано соопштение ја пренесе неговата изјава во која се тврди дака поголемиот дел од муслиманите во светот ја мрзат Америка и дека САД би требало да ги затворат границите за сите муслимани, сѐ додека американските власти не го решат овој проблем.