свет

Трамп: „На многу интелигентни луѓе им се допадна мојот настап во Хелсинки“

„Некои луѓе го мразат фактот што се согласував со претседателот Путин. Повеќе би сакале да војуваме отколку да го видат ова. Тоа се вика синдром на деградирање на Трамп“, напиша Трамп на Твитер

Bedrudin Brlyavac  | 18.07.2018 - Обновена : 19.07.2018
Трамп: „На многу интелигентни луѓе им се допадна мојот настап во Хелсинки“

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека на Самитот во Финска добро се согласувал со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека како резултат на тоа, ќе дојдат големи резултати, јавува Anadolu Agency (AA).

„На многу интелигентни луѓе им се допадна мојот настап на прес-конференцијата во Хелсинки. Путин и јас разговаравме за голем број важни теми. Добро се согласувавме, што изгледа им пречеше на многу лица кои нè мразат и кои сакаа да видат боксерски натпревар. Ќе дојде до големи резултати“, напиша Трамп на Твитер.

Тој наведе дека состанокот со Путин во Хелсинки би можел да биде многу значаен во долгорочна смисла.

„Додека состанокот на НАТО во Брисел беше голем триумф, договор за уште повеќе милијарди долари кои земјите членки ќе ги издвојуваат со брзо темпо, состанокот со Русија би можел долгорочно да се покаже дури и со поголем успех. Многу позитивни работи ќе дојдат од тој состанок“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Во една од пораките истакна дека некои луѓе го мразат фактот што имал многу добар состанок со рускиот претседател.

„Некои луѓе го мразат фактот што се согласував со претседателот Путин. Повеќе би сакале да војуваме отколку да го видат ова. Тоа се вика синдром на деградирање на Трамп“, напиша Трамп.

Трамп и Путин на 16 јули се состанаа во главниот град Хелсинки, а по Самитот се обратија на новинарите и порачаа дека постои двострана желба и подготвеност за воспоставување долгорочен дијалог и нормализација на односите меѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın