Hakan Çopur
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
ВАШИНГТОН
На првиот официјален телефонски разговор помеѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, разговарано е за продлабочување на економските врски меѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за односи со јавноста на Белата куќа соопшти дека Трамп и Џонсон оствариле телефонски разговор во петокот.
„Претседателот Трамп и премиерот Џонсон во телефонскиот разговор ја истакнаа важноста за зајакнување на посебните врски меѓу Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Покрај тоа, двајцата се согласија за брзо продлабочување на билатералните економски односи со Велика Британија по излегувањето од Европската Унија“, се истакнува во соопштението.
Борис Џонсон, кој беше избран за лидер на Конзервативната партија во Велика Британија, стана нов премиер на земјата на 24 јули.
Во петокот, во изјавата за новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека Џонсон е „добар човек“ и дека отсега започнале да работат на „подготвување трговски договор“.