Muhammed Bilal Kenasari
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека 72 проценти од мигрантите кои од 3. до 11. февруари дошле во Америка, се по потекло од седум земји во кои живее муслиманско население, јавува Anadolu Agency (AA).
„72 проценти од мигрантите кои за време на судската блокада (3. до 11. февруари) влегле во САД се од седум земји: Сирија, Ирак, Сомалија, Иран, Судан, Либија и Јемен“, напиша претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалнaта мрежа.
Трамп по кратко време откако официјално стана претседател на САД, донесе одлука за забрана на влез во САД на државјаните од седум земји.
Како резултат на тоа, покрената е правна постапка за оваа одлука на претседателот на САД да биде блокирана.
Администрацијата на Доналд Трамп поднесе жалба против суспензијата.