свет

Трамп: „Ги прекинуваме односите со Светската здравствена организација"

„Кина има апсолутна доминација над СЗО. Додека САД на СЗО и даваа речиси 450 милиони долари годишно, Кина плати само 40 милиони долари. Боаравме од СЗО да преземе значајни реформи, но тоие одбија да делуваат", рече Трамп

Dildar Baykan  | 29.05.2020 - Обновена : 30.05.2020
Трамп: „Ги прекинуваме односите со Светската здравствена организација"

ВАШИНГТОН

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) изјави дека од денес го прекинуваат односот со Светската здравствена организација, порачувајќи дека не ги исполнила барањата на неговата земја за темелни реформи", јавува Агенција Анадолија (АА).

Трамп во Белата куќа одржа конференција за новинарите на која најави нови чекори во односите со Кина.

Тврдејќи дека Кина долга низа години „имала корист од САД", Трамп рече дека тоа се зголемило за време на претходниот претседател Барак Обама.

Трамп ја обвини Кина за епидемијата на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) и порача дека кинеските функционери не ги исполниле своите должности на известување на СЗО и вршеле притисок врз СЗО за да го заведат светот.

„Кина има апсолутна доминација над СЗО. Додека САД на СЗО и даваа речиси 450 милиони долари годишно, Кина плати само 40 милиони долари. Боаравме од СЗО да преземе значајни реформи, но тоие одбија да делуваат", рече Трамп и заклучи:

„Денес ја завршуваме нашата врска со СЗО, бидејќи СЗО не ги спроведе потребните реформи. Средствата кои и се даваат на оваа организација ќе ги префрлиме во итни глобални здравствени ситуации кои тоа го заслужуваат."

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.