Servet Günerigök
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Во пресрет на немирите кои се случија во зградата на американскиот Конгрес, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика неговите приврзаници да го почитуваат законот и редот и да си заминат дома, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видеоснимка објавена на Твитер, претседателот го повтори неговото тврдење дека претседателските избори кои беа одржани на 3 ноември минатата година биле лажирани и дека тоа го знаат сите вклучувајќи ги и демократите.
„Но, мора да си заминете дома сега. Мора да имаме мир. Мора да имаме закон и ред и да го почитуваме нашиот голем народ, законот и редот. Не сакаме никој да биде повреден“, изјави Трамп.
Твитот на Трамп беше брзо обележан од Твитер, со предупредувачки натпис во кој се наведува „Ова тврдење за изборна измама е оспорено и на овој твит не може да се одговори, да биде повторно објавен поради ризик од насилство“.
Неговите забелешки следуваа откако стотици негови приврзаници се судрија со полицијата при обид за упад во зградата на Капитол.
На видеоснимките на социјалните мрежи е прикажано како поддржувачите ги уриваат безбедносните огради и се соочуваат со полицијата за да упаднат во зградата.
„Вашингтон пост“ објави дека како последица на тензиите се евакуирани две згради во комплексот на Капитол.
Инцидентот се случи неколку минути откако Пенс соопшти дека го отфрлил барањето на Трамп за мешање во броењето на гласовите на Изборниот колеџ. Станува збор за состанок, проформа, на кој требаше да бидат потврдени резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември 2020 година, на кои победи Џо Бајден.