Ömer Tuğrul Çam
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, настаните во Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) ги опиша како шокантни, и упати апел за почитување на резултатите од претседателските избори во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг на социјалните мрежи се огласи со реакција по повод немирите во САД.
„Случувањата во Вашингтон се шокантни. Треба да се почитуваат резултатите од демократските избори“, рече тој.
Демонстрантите кои одржаа дпротести во знак на поддршка на претседателот на САД, Доналд Трамп, ги преминаа барикадите и влегоа во зградата на американскиот Конгрес.