свет, култура и уметност

Традиционалното производство на кожа продолжува во историските кожарници на отворено во Мароко

- Работниците ги обработуваат животинските кожи во базени исполнети со природни раствори, минувајќи низ процесите на штавење, боење и сушење.

Aida Cako  | 05.02.2026 - Обновена : 05.02.2026
Традиционалното производство на кожа продолжува во историските кожарници на отворено во Мароко Foto: Umut Karahasanoğlu/AA

ФЕС (АА) – Производството на кожа со традиционални методи продолжува во историските кожарници на отворено во мароканскиот град Фес, каде што занаетчиите со векови ја одржуваат оваа древна занаетчиска практика, јавува Анадолу.

Работниците ги обработуваат животинските кожи во големи базени исполнети со природни раствори, минувајќи низ процесите на штавење, боење и сушење.

Производството се одвива во отворени простори, каде што кожите се потопуваат во различни базени за обработка, а потоа се закачуваат на фасадите на околните објекти за природно сушење.

Техниките што се применуваат во овие кожарници останале речиси непроменети со векови и претставуваат еден од најзначајните примери на традиционалната производствена култура во Фес.

Историските кожарници се меѓу најпрепознатливите симболи на градот и привлекуваат голем број туристи, истражувачи и љубители на занаетчиството од целиот свет, кои доаѓаат да се запознаат со процесот на изработка на кожа на автентичен начин.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.