Adam Abu Bashal
09 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
АБУЏА
Во сообраќајната несреќа што се случи во западноафриканската држава Нигерија животот го загубија 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Феми Џозеф, портпаролот на сојузната држава Ондо, соопшти дека на автопатот на релацијата Ондо - Абуџа дошло до тешка сообраќајна несреќа во која се судриле автобус и камион, по што избувнал пожар.
Џозеф информираше дека во пожарот животот го загубиле 19 лица и дека има и голем број повредени.
Тој рече дека повредените се префрлени во локалните болници, но дека дел од нив се во тешка здравствена состојба, поради што постои загриженост од зголемување на бројот на загинати.