ИДЛИБ (АА) – Терористичката организација ПКК/ЈПГ, која има силна поддршка од Соединетите Американски Држави (САД), во Сирија ги продолжува своите криминални активности со киднапирање невини деца со цел да ги регрутира како деца борци откако ќе им ја наметне својата идеологија и ќе ги изолира од нивните семејства, јавува Анадолу.
И покрај средбата на специјалниот претставник на Обединетите нации со терористот на ПКК, Ферхат Абди Шахин, со кодно име Мазлум Абди, еден од водачите на ПКК/ЈПГ, кој потпиша „акциски план“ во јуни 2019 година во Канцеларијата на ОН во Женева за ослободување на „децата борци во рамките на организацијата“, ја продолжува оваа криминална практика со одземање на децата од нивните семејства.
Терористичката организација обично киднапира училишни деца од областите во Сирија што се под нејзина контрола, особено покрај училишните рути, а потоа насилно ги регрутира во своите илегални вооружени сили.
ПКК/ЈПГ, која ги носи киднапираните и притворени деца во кампови на вооружена обука, исто така им забранува никогаш повеќе да не смеат да стапат во контакт со своите семејства.
Децата кои се принудени да се приклучат на вооружената обука се користат во терористичките активности на организацијата. Сликите и вестите за децата борци се појавија и на неколку нејзини пропагандни социјални мрежи.
- 18 киднапирања во јули -
Според курдската опозициска група Независен курдски ред, терористите на ПКК/ЈПГ киднапирале уште 18 деца на возраст од 14 до 17 години, од кои шест од покраината Хасека, седум од подрачјето на Камишли и пет од покраината Алепо, и ги однеле во т.н. кампови за обука во јули годинава.
Сабах Антер, чија ќерка е киднапирана од припадници на терористичката организација пред две години во подрачјето на Камишли во североисточна Сирија, контролирано од ПКК/ЈПГ, за Анадолу на 3 август изјави: „Таа беше младо девојче, ученичка, кога беше киднапирана.“
„Отидов кај безбедносните сили и канцелариите на ОН во регионот поради нејзиното киднапирање. Нема врата на која не сум тропнал за правда“, рече Антер, „но не успеав да ја најдам ќерка ми“.
„Мојата ќерка беше многу млада. Таа беше киднапирана од терористичката организација кога имаше само 16 години. Сакаше да биде учителка“, рече таа.
- Тинејџерски гробови во Ајн-ал Араб -
Фотографиите на Анадолу направени во јуни минатата година од надгробни споменици во областа Ајн-ал Араб, каде што се закопани жртвите на ПКК/ЈПГ, киднапираните деца борци, јасно се гледа нивната возраст меѓу 14 и 17 години испишана на арапски и курдски јазик.
Надгробните споменици на гробиштата во округот Ајн-ал Араб, окупиран од ПКК/ЈПГ, покажуваат дека терористичката организација ги вовлекува децата во насилства по нивното киднапирање и ги одвојува од нивните семејства.
САД, кои зборуваат за демократија и човекови права, ја зголемуваат соработката со ПКК/ЈПГ во Сирија, која има досие за терористички злосторства.
САД обезбедува финансиска и политичка поддршка на терористичката организација, која одвојува стотици деца од нивните семејства и ги вооружува со лесно и тешко оружје за учество во терористички активности.
- Документот на ОН -
Вирџинија Гамба, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за децата во вооружени конфликти, го потпиша акциониот план подготвен „за ослободување на децата борци во рамките на организацијата“ на 29 јуни 2019 година, но без знаење на земјите членки.
Анкара подоцна издаде протестна нота до ОН за ова прашање.
Советот за човекови права на ОН откри во извештајот објавен на 16 јануари 2020 година дека терористите на ПКК/ЈПГ користат деца како борци во Сирија.
Фактот дека терористичката организација ги принудува децата да се борат беше споменат и во „Извештајот за трговија со луѓе за 2020 година“ објавен од американскиот Стејт департмент на 26 јуни 2020 година.
ЈПГ продолжи насилно да регрутира и користи дури и 12-годишни момчиња и девојчиња од камповите за баратели на азил во северозападна Сирија, се наведува во извештајот.
ОН го подготвија извештајот „Децата во вооружени конфликти“ за периодот јануари-декември 2022 година, за терористичката организација ПКК и нејзините сириски ограноци СДФ и ЈПГ. Во документот е наведено дека повеќе од 1.200 деца биле користени како војници во 2022 година.
Според извештајот, сирискиот огранок на ПКК, СДФ, регрутирал 637 деца, додека ПКК/ЈПГ и организациите поврзани со СДФ регрутирале 633 деца во својот вооружен персонал.
Гутереш, чии ставови беа вклучени во извештајот, изрази колку „крајно загрижен“ се чувствува поради користењето на децата како војници од страна на ПКК/ЈПГ.
„Ги повикувам да престанат да користат деца како војници и за други различни цели и да ги ослободат сите деца во нивните редови“, се вели во извештајот цитирајќи го генералниот секретар на ОН.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.