свет

Телефонски разговор Фон дер Лајен и Трамп во време кога ЕУ се обидува да постигне трансатлантски трговски договор со САД

- Европската Унија настојува да обезбеди начелен договор пред 9 јули, со цел да се избегне ризикот од нови царини од страна на САД што, според најавите од Вашингтон, треба да стапат на сила на 1 август.

Melike Pala  | 07.07.2025 - Обновена : 07.07.2025
Телефонски разговор Фон дер Лајен и Трамп во време кога ЕУ се обидува да постигне трансатлантски трговски договор со САД

БРИСЕЛ (АА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера имаше „добар разговор“ со американскиот претседател Доналд Трамп, додека Европската Унија ги интензивира напорите за постигнување трансатлантски трговски договор до 9 јули, соопшти денес портпаролот на ЕУ, јавува Анадолу.

Портпаролот на Европската комисија, Стефан де Кирсмакер, на прес-конференцијата изјави дека Фон дер Лајен и Трамп имале телефонски разговор и дека претседателката продолжува да биде во контакт со европските лидери.

Европската Унија настојува да обезбеди начелен договор пред 9 јули, со цел да се избегне ризикот од нови царини од страна на САД што, според најавите од Вашингтон, треба да стапат на сила на 1 август.

„Работиме на тоа 9 јули да биде точка на која ќе имаме барем начелен договор со САД“, изјави портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил.

Тој потврди дека е постигнат „добар напредок“ за време на посетата на европскиот комесар Марош Шефчович на Вашингтон минатата недела, по што следуваа консултации со земјите членки на ЕУ на 4 јули.

Оттогаш продолжува комуникацијата на политичко и техничко ниво, а Гил додаде дека ЕУ останува „целосно посветена на постигнување договор што ќе биде од корист за ЕУ, бизнисите, потрошувачите и глобалната економија во целина“.

Тој одби да даде коментар за писмата на Трамп со конкретни царински услови што наводно почнуваат да се праќаат од понеделник.

„Нема да коментираме писма што не сме ги добиле ниту изјави од американската администрација“, рече тој.

Во април САД воведоа „реципрочни“ царини за повеќето земји, а подоцна ги суспендираа 90 дена за да преговараат за договори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.