Erbil Başay
10 Ноември 2021•Ажурирај: 11 Ноември 2021
БЕРЛИН
Германската канцеларка Ангела Меркел оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
Тој нагласи дека Меркел и Путин разговарале за состојбата на границата меѓу Белорусија и Полска.
„Меркел подвлече дека тоа што белорускиот режим ги користи мигрантите како алатка, е нечовечко и неприфатливо“, напиша Зајберт.
„Меркел од Путин побара да биде ефективен кон режимот во Минск“, додаде тој.