Berk Özkan
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во телефонскиот разговор со Џонсон ја претстави целта на операцијата „Извор на мирот“.
Исто така, турскиот претседател нагласи дека оваа операција ќе продолжи сѐ до целосно елиминирање на терористичката закана на ПКК/ЈПГ и ДЕАШ во северниот дел на Сирија.
Ердоган рече дека на овој начин на Сиријците кои биле принудени да ги напуштат своите домови, ќе им се овозоможи на доброволен и безбеден начин да се вратат во своите домови.