свет

Телефонски разговор Ердоган - Реиси

Двајцата лидери во разговорот се осврнале на односите меѓу Турција и Иран, како и на регионалните теми

Berk Özkan  | 23.01.2022 - Обновена : 24.01.2022
Телефонски разговор Ердоган - Реиси

Истанбул

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Иран, Ибрахим Реиси, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.

Во соопштението се вели дека двајцата лидери во разговорот се осврнале на односите меѓу Турција и Иран, како и на регионалните теми.

Според соопштението, Ердоган во разговорот истакнал дека продолжуваат работите за состанокот на Советот за соработка од високо ниво, што наскоро ќе се одржи во Техеран, и за договорите што е можно да се потпишат во овие рамки.

Ердоган нагласи дека продолжуваат со напори за тоа мирот и стабилноста да владеат во Кавказот.

Турскиот претседател рече дека во овие рамки, тие како Турција сакаат да бидат домаќини на следниот состанок на Платформата 3+3 што ја формирале заедно со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.