свет

Телефонски разговор Ердоган-Кралот Абдула Втори

Се нагласува дека Ердоган и кралот Абдула Втори разговараа за настаните во регионот и односите меѓу Турција и Јордан

Kaan Bozdoğan  | 23.05.2020 - Обновена : 24.05.2020
Телефонски разговор Ердоган-Кралот Абдула Втори

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со јорданскиот крал Абдула Втори, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.

Во соопштението се вели дека двајцата лидери меѓусебно упатија честитки по повот празникот Рамазан бајрам.

Се нагласува дека Ердоган и кралот Абдула Втори разговараа за настаните во регионот, и односите меѓу Турција и Јордан.

Според соопштението, лидерите на двете земји се осврнаа и на соработката во борбата против Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.