Buket Güven
13 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министер за одбрана национална одбрана на Турција, Хулуси Акар имаше телефонски разговор со американскиот заменик-секретар за одбрана, Марк Еспер, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сооптението од министерството за одбрана на Турција на телефонскиот рзаговор Акар - Еспер, се разговараше за купувањето на регионалниот систем за противвоздушна и ракетна одбрана со далечен дострел од страна на Турција и настаните во Сирија.
„Набавката на системот за одбрана на S-400 не е избор, туку неопходност. Проценките за понуда за системот Патриот протдолжуваат", нагласил Акар во телефонскиот разговор со Еспер.
Во телефонскиот разговор, Акар истакна дека проектот за борбените авиони Ф-35 треба да продолжи по својот пат и дека Турција е партнер на проектот.
Акар, исто така нагласил дека при можната интеракција на системите Ф-35 и S-400, препораките на Турција за формирање на работната група каде ќе биде вклучен и НАТО сеуште се валидна.
Министер за одбрана национална одбрана на Турција, Хулуси Акар истакнувајќи дека позицијата на Турција не е променета рече дека ги исполниле сите обврски во однос на Ф-35.
Нагласувајќи дека со купувањето на S-400 нема промени во стратегијата на Турција, Акар додаде дека влошувањето на односите меѓу двете земји нема да служат ниту на Турција, ниту на САД, ниту пак на интересите на НАТО.
За време на телефонскиот разговор се разгледани и случувањата во Сирија.
„За да се создаде безбедносна зона во северниот дел на Сирија единствена подготвена, компетентна и соодветна земја е Турција. Против интензивните напади на границата со Сирија, Турција има обврска да преземе мерки и дека прв приоритет е заштитата на народот и границите и дека нема да се дозволи терористичките организации да најдат засолните веднаш до нашата граница", нагласи Акар.
Во соопштението, исто така, се наведува дека Акар и Еспер се согласиле за продолжување на дијалот меѓу двете земји. За формирање на безбедносна зона во Сирија следната недела итно во Анкара ќе допатува американска делегација.