свет

Тежок биланс од картелските војни и насилствата во Мексико

- Повеќе од 300.000 луѓе се убиени во војната која започна против картелите во Мексико во 2006 година, која сѐ уште не е добиена. Во процесот повеќе од 340.000 Мексиканци се раселија, а исчезнаа скоро 40.000 луѓе

Lokman İlhan, Muhammed Emin Canik  | 22.10.2019 - Обновена : 23.10.2019
Тежок биланс од картелските војни и насилствата во Мексико

БОГОТА

Повеќе од 300.000 луѓе се убиени досега во војната која започна против картелите во Мексико во 2006 година, а која сѐ уште не е добиена. Во процесот повеќе од 340.000 Мексиканци се раселија, а исчезнаа речиси 40.000 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).

Овидио, син на Жоакин Гузман, наркобосот со прекар „Ел Чапо“, беше притворен на 17 октомври во градот Кулиакан. Но по неговото апсење картелите го претворија градот во бојно поле. Владата не успеа да го издржи тоа и за неколку часа го ослободи Овидио. По неговото ослободување очите на јавноста се свртеа кон Мексико.

Во Мексико има девет големи картели кои се поврзани со повеќе од 80 подгрупи и банди. Овие картели, покрај трговијата со дрога, фокусирани се и на трговијата со горива, минерали, авокадо, алкохол и цитрусно овошје. Мексико плаќа голема цена поради хаосот што го создаваат овие картели.


- Повеќе од 300.000 жртви

Во земјата во 2006 година, тогашниот претседател Фелипе Калдерон започна агресивна борба против картелите, а неговиот наследник Енрике Пена Нието ја продолжи. Се забележува дека досега во таа борба загинаа повеќе од 300.000 лица.

Иако не е наведено дали жртвите се резултат на судирите меѓу картелите или картелите и безбедносните сили, се знае дека повеќето од жртвите се поврзани со насилствата извршени од страна на картелите.

Мексиканските медиуми, врз основа на извештаите на невладините организации наведуваат дека во бранот на насилство, за кој се тврди дека и безбедносните сили ги прекршиле човековите права, повеќе од 340.000 луѓе се раселени, а речиси 40.000 лица се исчезнати.


- Најмногу убиства во 2018 година

Во 2018 година, сегашниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, преземајќи ја функцијата од своите претходници, најави дека нема да ги следи методите на борба против картелите, што предизвика зголемување на насилствата. Во 2018 година во Мексико беше година на најголем број убиства во последните години. Бројот на убиства од 2006 година досега ја надмина бројката од 288.000.

Во Мексико со население од 120 милиони, минатата година имаше 35.964 убиства, повеќето поврзани со картелите за дрога. Во 2017 година во земјата беа убиени 32.079 лица, а годинава бројот на жртви веќе ја достигна бројката од 26.000.

Стапката на убиства во Мексико минатата година значително се зголеми во државите во кои картелите се бореа за доминација.


- Картели

Мексико има повеќе од 9.300 километри брег долж Тихиот Океан, Карипското Море и Мексиканскиот Залив и 3.408 километри граница со Соединетите Американски Држави. Во Мексико дејствуваат девет големи картели и 80 подгрупи и банди поврзани со нив.

Овие картели, кои подготвуваат заседи за безбедносните сили, своите противници ги убиваат со свирепи методи. Тие се занимаваат со трговија со кокаин, хероин, метамфетамин и марихуана, како и со оружје, гориво, метали, авокадо, алкохол, цитрусно овошје и трговија со луѓе.


- Картелот „Халиско Нуева Генерасион“

Картелот „Халиско Нуева Генерасион“ (CJNG) се појави во 2011 година, разделувајќи се од „Синалоа“, еден од најстарите и најпознатите картели во Мексико. Денес картелот ХНГ делува во 27 од вкупно 32 држави во Мексико, а исто така, тој во моментов е присутен во судирите што се водат во 74 градови.

Овој картел го води поранешниот полицаец Немесио Осегуера Сервантес, со прекар „Ел Менчо“, кој во 2012 година беше заробен во градот Запопан, но државата беше принудена да го ослободим бидејќи неговите луѓе го претворија градот во бојно поле, исто како и во случајот со Овидио Гузман.

Во пропагандните видеа што ги поставуваат на социјалните медиуми, неговите членови, облечени во воена униформа, со антибалистички елеци, кациги и софистицираното оружје, наликуваат на редовна армија. Картелот продолжува да постои и да се здобива со сила во државите Халиско, Долна Калифорнија, Мичоакан, Гуереро, Гуанахуато, Оаксака и Веракруз.


- Картелот „Синалоа“

Картелот „Синалоа“, чија моќ е намалена по заробувањето на Ел Чапо, денес е воден од страна на Исмаел Зампада Гарсија, познат со прекарот „Ел Мајо“ и од синовите на Ел Чапо, Иван Архивалдо и Исус Алфредо. Картелот продолжува да извршува злосторства во 17 држави во земјата.

Покрај земјите од Јужна и Централна Америка, картелот „Синалоа“ постои и во Африка. Во однос на картелот „Халиско Нуева Генерасион“, моќта на „Синалоа“ е намалена, но таа е сѐ уште многу активна во мексиканските држави Синалоа, Дуранго, Сонора, Долна Калифорнија и Чивава.


- Други картели

Во Мексико, покрај овие две големи нелегални групи, има уште седум картели кои имаат збор во земјата. Седумте картели и нивните области се следните:

Во провинцијата Чивава владее картелот „Де Хуарез“, во Тамаулипас и Квинтана владее картелот „Дел Голфо“, во провинциите Гуереро, Морелос, Најарит и Синалоа владее „Лос Белтран Лејва“, во провинцијата Долна Калифорнија владее „Тихуана“, „Лос Арелано Феликс“ и сојузникот на „Халиско Нуева Генерасион“, групата „Тихуана Нуева Генерасион“, додека во провинцијата Мичоакан владее картелот „Фамилиа Мичоакан“.

Картелот „Лос Зетас“, за кој се знае дека е основан од припадници на поранешните специјални сили кои ја напуштиле мексиканската армија и картелот „Витезите Темплари“ имаат тенденции за исчезнување, поради внатрешните несогласувања и операциите на безбедносните сили.

Во Мексико, картелот „Витезите Темплари“ бил познат по неговите нехумани канибални ритуали, додека картелот „Лос Зетас“ бил познат по ужасни егзекуции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.