СТРАЗБУР (АА)
- АЛАТИН ДОГРУ / ЕСРА ТАШКИН
Се одбележува 221 година од смртта на младиот интелектуалец од курдско потекло, Сулејман ал Халеби, кој изведе атентат на генерал Жан Баптист Клебер, француски колонијален командант во Египет во времето на Наполеон Бонапарта и го отвори патот за повлекување на Франција од Египет.
Ал Халеби, за кого во француските извори се наведува дека е член на курдското семејство Евс Кубар, роден е во 1777 година во селото Кукан, место во подрачјето на сирискиот град Африн.
Неговиот татко Мухамед Емин, трговец со путер и маслиново масло, Ал Халеби го испратил во Мека и Медина, а потоа во 1797 година во Египет да учи исламски науки.
Ал Халеби се запишал на Универзитет за исламски науки „Ал Азар“ во Каиро, а во текот на своите студии работел како калиграф.
По завршувањето на студиите Ал Халеби се вратил во своето село во Сирија на почетокот на 1800 година, за потоа да заминине во Палестина и да ја посети „Месџид ал Акса“.
- Османлиски офицери на Ал Халеби му дале задача да го изврши атентат на францускиот колонијален генерал
Ал Халеби, чиј пат се вкрстил со двајца османлиски разузнавачи во Кудс, добил задача да изврши атентат врз генерал Жан Баптист Клебер, командант на окупаторските колонијални сили во Египет.
Дваесет и тригодишниот интелектуалец ја прифатил задачата и приклучувајќи се кон трговски караван, се вратил во Каиро 20 дена подоцна. Додека престојувајќи Каиро, Ал Халеби го испланирал атентатот.
Ал Халеби својата замисла за атентатот ја споделил со уште четворица сириски интелектуалци, кои се обиделе да го разубедат, но тој изразувајќи ја својата решителност, им рекол: „Не, оваа работа се одолжи многу, ќе ја завршам сега.“
Според записникот од испрашувањето, младиот курдски интелектуалец, кој еден месец ја набљудувал палатата на генералот, набавил кама во градот Гиза за да го убие Клебер, кој ги прогонувал муслиманите.
На 14 јуни 1800 година, Ал Халеби, маскиран како просјак, влегол во градината на палатата во Каиро каде што престојувал Клебер и се скрил зад урнат ѕид.
Кога генералот дошол во градината, Ал Халеби тајно му пришол и го избодел колонијалниот командант четирипати, а францускиот инженер Протен, кој се обидувал да го заштити, бил прободен шестпати.
Клебер починал на местото на нападот, а Протен, кој бил тешко повреден, починал неколку дена по атентатот.
Ал Халеби ја закопал камата и избегал од палатата. Француските војници подоцна го пронашле во неговата скривница.
- „Ме испратија јаничарите“
Според записите од испрашувањето на француската колонијална полиција, Ал Халеби бил уапсен и затворен заедно со четири лица кои знаеле за атентатот.
Ал Халеби, откако долго време бил измачуван, признал дека го извршил атентатот. Тој исто така рекол дека бил испратен од страна на јаничарите за да го убие Клебер, кој им нанел големи загуби на османлиските војски.
Колонијалната администрација донела одлука Ал Халеби да се распне на колец и да се обезглават четворицата интелектуалци.
Откако му ја изгореле раката со која ја користел камата, Ал Халеби бил распнат на колец. По четиричасовно трпење болки, Халеби починал.
По помалку од една година од убиството на Клебер, француските сили биле принудени да се повлечат од Египет.
- Француските колонијални сили во Париз черепот на Халеби го изложија под име „виновен“
Арапскиот борец за национални права Алфред Фараг во 1965 година подготви театарска претстава за херојската приказна на Сулејман ал Халеби.
Една населба во Алепо го носи името на Ал Халеби, а неговиот череп е однесен во Франција од страна на колонијалната администрација.
Камата на Ал Халеби, која сѐ уште е изложена во Археолошки музеј во францускиот град Каркасон, ги потсетува посетителите на неговата храброст.
Од друга страна, черепот на Ал Халеби изложен под името „виновен“ во „Музејот на човекот“ во Париз, сведочи за бруталноста на францускиот колонијализам.
Посмртните останки на Клебер се наоѓаат под статуата на генералот Клебер на Плоштадот „Клебер“ во градот Стразбур.
Во Историскиот музеј во Стразбур има и слика што го прикажува атентатот на генералот Клебер од страна на Ал Халеб.
- Египетскиот инженер сака остатоците на Ал Халеби да ги врати во неговата земја
Не е познато дали египетската администрација, која е блиска со француската администрација, прави обиди во земјата да се врати черепот на Ал Халеби кој се наоѓа во „Музејот на човекот“ во Париз.
Египетскиот инженер Ихсан Мухарам води кампања на локално и меѓународно ниво, остатоците и черепот на Ал Халеби да бидат вратени во Египет и тој достоинствено да биде погребан.